Соко вработува

Сениор сметководител

СОКО е компанија со 30 годишна традиција во производство на сокови, со пласман на 60 земји во светот, на 6 континенти, со 130 вработени. Тимот на СОКО заеднички создава безвременска овошна приказна, обожувана од сите генерации.

Главни одговорности

  • Книжење на финансиска и материјална документација (влезни/излезни фактури, инвестиции во основни средства, изводи, калкулации при увоз, плата, патни налози, амортизација, попис)
  • Пресметка и книжење на производство
  • Пресметка на плата и други надоместоци согласно ЗРО
  • Учество во изработка на завршни годишни сметки Учество во пресметка на ДДВ и данок на добивка
  • Учество во сметководствено работење и просеците за ревизија
  • Учество во подготовка на финансиски извештаи
  • Уредно водење на документација во согласност со имплементираните стандарди за квалитет во компанијата
  • Комуникација со сите релевантни државни институции, банки, даночни консултанти, ревизорски куќ

Потребни квалификации

  • ВСС - Економски факултет
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција
  • Искуство во пресметка на плати ќе се смета за
  • предност
  • Искуство во производствена компанија ќе се смета за предност
  • Познавање на законска регулатива и меѓународни стандарди за финансиско известување
  • Познавање со работа во ERP системи
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office) со напредно познавање на excel
  • Аналитички способности
  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Што нудиме

  • Мотивирачко опкружување со успешни професионалци
  • Можност за личен и професионален развој
  • Конкурентна плата
  • Можност за приватно здравствено осигурување
  • Максимален износ на годишен регрес ослободен од дополнителен данок

Apply for: Senior Accounting

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте Вашите податоци да се чуваат во нашата база на кандидати Во времетраење од 12 месеци.

© Copyright 2024 Soko. All Rights Reserved.